Вечерва нема рестрикции на движењето, но не треба да има ниту забуна, иако денеска неколку портали, веројатно од невнимание, објавија дека денес и утре нема полициски час.

Вистината е дека полицискиот час се враќа во сила веќе од утре (2 мај) и ќе трае секој ден до 15 ти мај (со можност за продолжување зависно од епидемиолошката слика во државата), од 21 часот навечер до 5 часот наутро.

Потсетуваме дека единствен исклучок, како што е вечерва во очи на Велигден, ќе биде вечерта на 12 кон 13 ти мај за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.

Од Владата беа сосема јасни во тој поглед, кога ја соопштија мерката.