Изабел Кастро, мајка на три деца, отишла на родителски состанок во училиште во колумбискиот град Соледад со нејзиниот сопруг, но не и било дозволено да присуствува поради облеката што ја носела.
Професорите наводно ја исфрлиле од состанокот поради белата блуза која го открила деколтето.
– Ме предупредија дека мојата облека е вулгарна. Носев фармерки и блуза со низок крој, но далеку од вулгарна, рекла таа за Ел Тиемпо.
– Еден од професорите ми рече дека не можам така да доаѓам на училиште и дека треба да ги читам правилата. Мислам дека тоа што имам три деца не значи дека треба да одам покриена, додала таа.
Нејзиниот сопруг се согласи со неа.
– Помислете на сите жени кои во моментов страдаат од овој вид на вознемирување, на пример во Авганистан, заклучи тој.