Уште една трагедија ја потресе Србија. Бремената Ана П. (36) од Врњачка Бања, која почина од последиците од корона вирусот во осмиот месец од бременоста, остави зад себе дете помало од две години.

Ана во понеделникот била примена во болницата во Краљево во многу сериозна состојба. Веднаш по прегледот, итно била пренесена во клиничкиот центар Крагуевац, каде што за жал починала по четири дена.

– Таа дојде во многу лоша состојба. Белите дробови и беа распаднати, имаше многу слаба сатурација. Беше позитивна на корона вирусот, а по прегледот, буквално по половина час, веднаш беше пренесена во Крагуевац, изјави Зоран Мрвиќ, директор на Општата болница во Краљево.

Бебето е на респиратор

– Бремената жена беше донесена од Краљево во тешка состојба, во 8 -от месец од бременоста. Дишеше тешко и веднаш беше поврзана на вентилација. Радиографијата покажува дека се работи за коронавирус. Имаше симптоми карактеристични за Ковид 19. Веднаш беше извршен царски рез, а трудницата цело време беше на респиратор. Таа почина утрово. Бебето имаше лоши параметри и веднаш беше поврзано на респиратор. Во малку подобра состојба е, но сепак е поврзано на респиратор. Постојано ја следиме нејзината состојба, изјави Слободан Милисављевиќ, директор на УКЦ Крагуевац.

Ана работеше како градежен инженер во Дирекцијата за планирање и изградба. Таа беше одговорна за сите големи инфраструктурни проекти. Потекнува од угледно и образовано семејство. Нејзиниот сопруг, како и неговите родители, се професори. Според неофицијални информации, таа не била вакцинирана. Според нејзината сестра Марија, Ана ќе биде погребана в сабота во 12 часот на гробиштата во Врњачка Бања.

Сестрата на Ана потврди дека бебето сега е подобро.

-Зетот постојано се јавува во Крагуевац за да се распраша. Само нашето бебе да биде добро. Дома го чека братчето од неполни две години – рече Марија.