Кесиди Пирсон почина по борбата со ракот на кожата, потврди нејзината сестра на TikTok.
Кесиди Пирсон од Америка, стана позната на „Тик Ток“, бидејќи таа сподели се за нејзината борба со ракот со своите следбеници и на тој начин ги мотивираше сите луѓе кои се борат за живот, пренесува „Здравје“.
– Во моментот на нејзината смрт, нејзините најблиски беа до неа. Таа не се мачеше. Да знаеше само колку луѓе ја сакаа на оваа платформа … – рече низ солзи скршената сестра и им се заблагодари на сите за поддршката.
Кесиди во една своја изјава рече дека ги забележала првите промени кај бемките на внатрешната страна на бутовите на 18 -годишна возраст. Почнале да ја менува формата, големината и бојата и се појавило чешање и сувост. Таа била млада и не сфаќала дека сите овие се симптоми на меланом, па ги игнорирала.
– Бемката беше со големина на гума за моливи, јас ја чешав, тоа беше сува, крвареше ако ја изгребев. Немаше боја и ја промени формата. Ги имав сите симптоми – рече Кесиди. Таа тврдеше дека не може да си прости што не презела нешто веднаш.
Во тоа време била бремена, па тоа беше уште една причина зошто не обрнуваше многу внимание на бемките. Таа вели дека немала здравствено осигурување и дека чекала до 21 година за да оди на лекар.
Бидејќи онкологот не и дал третман, една година подоцна, меланомот преминал од третата фаза во четвртата. Кога одлучила да побара мислење од друг лекар, дознала дека мора да помине серија агресивни третмани.
– Беше долго патување, направија делумна замена на колкот, ми отстранија половина од белите дробови, ми отстранија хируршки дел од цревата, поминав два циклуса хемотерапија и пет различни циклуси на зрачење – рече таа.
Во почетокот на 2021 година, нејзе и беа откриени уште седум нови тумори.