Телото на 38-годишна жена, која била убиена пред неколку дена, е пронајдено во стан во Сараево, а за нејзината смрт се осомничени нејзиниот сопруг и свекрвата.

Полициски службеници на полициската управа МУП на кантонот Сараево го уапсиле 36-годишниот Г.Р. за сторено кривично дело убиство и 76-годишниот Л.Р. за кривично дело соизвршителство во убиство.

Исто така, уапсен е и 67-годишниот Љ.Ј. поради кривични дела, непријавување на кривичното дело и помагање на сторителот по извршеното кривично дело на штета на 38-годишната Н.Р., од Сараево.

Во стан на улицата Колодворска, полициски службеници го пронашле безживотното тело на 38-годишната Н.Р. коа била убиена пред неколку дена. За ова дело од слобода е лишен сопругот на починатата Г.Р. (36) и неговата мајка Л.Р. (76), соопшти полицијата.

Во станот се пронајдени предмети и траги на кривично дело, соопшти полицијата од кантонот Сараево. Поради основи на сомнение дека знаел за смртта на Н.Р. и дека им пружил помош на сторителите, лишен е од слобода Љ.Ј. (67) од Сараево.

Телото на починатиот е пренесено во обвинителството, па по наредба на обвинителот ќе биде извршена обдукција.