Занимлив податок пред претстојниот попис во Македонија во втората половина од октомври нуди Институтот за меѓународни економски истражувања од Виена, според кој од 2010 до 2019 година од земјата се иселиле 160 илјади луѓе, огромно мнозинство од нив Албанци!
Албанците сочинуваат повеќе од половина од емигрираните 1,5 милиони луѓе од Западен Балкан во наведениот период, покажува истражувањето на Институтот, за кое известува албанската новинска агенција Телеграфи.
Од Албанија во тој период се иселиле половина милион луѓе, а од Косово 264 илјади.