Извесна Наташа (која за српските медиуми не сака да го открие своето презиме) за себе вели дека не е проститутка, туку „деловна жена која го продава своето тело и знаење“. Сите пари кои ги заработува ги инвестира на берза, а во тоа многу и помагаат мажи со кои ја поминува ноќта.

Се запознавме сосема случајно. Беше на лежалката покрај мене и ме праша од каде сум. И реков дека сум од Србија, констатираше дека оваа пролет има повеќе туристи од Србија отколку сите овие години до сега. Почнавме да зборуваме за се, па и за тоа што работиме. Кога и реков дека сум новинарка, се насмеа и ми рече дека нејзината приказна може д ами биде многу занимлива, под услов да не го објавувам нејзиното вистинско име и фотографии. А потоа започна…

Па, ако таа ме лажеше мене, тогаш и јас ве лажам вас.

А, Наташа е типична Русинка. Русокоса, слаба, убава… и на мое големо изненадување, без ни мало заддршка, отворено ми зборуваше за себе и својот живот. А мене, секако се ме интересираше.

Родена е во Москва, завршила средно медицинско училиште, а во Дубаи отишла да работи како конобарка. Во ресторанот каде што работела, запознала една жена која и предложила да “смени работа“. Во прв момент сакала да и удри шлаканица, но се исконтролирала и кажала дека нејзе тоа не ја интересира. После осум месеци работа во ресторан, заработка од 350 евра месечно со платен стан и храна, парите не и биле доволни. Во Москва не сакала да се враќа, па сепак одлучила да „промени работа“.

Вели дека таа ноќ, пред состанокот со првиот клиент, око не склопила.

„500 долари за ноќ, тоа за мене беа огромни пари со кои би се решиле сите мои проблеми. Но, од друга страна, илјада прашања- мене родителите не ме оспитаа да бидам таква, јас не сум таква… Зошто го правам ова? Како можам тоа да го правам? Одвратна сум.“
На првиот пат воопшто не сака да се сеќава.

„Првиот пат ми се повраќаше“- вели таа.

Тој првиот клиент беше океј, не се случи ништо страшно, но јас се чувствував како најефтина обична крпа. Сакав да повраќам, но за среќа тој ништо не забележа. Три месеци не работев, но кога ми затребаа пари и кога сфатив дека за една вечер можам да заработам повеќе отколку за месец дена како конобарка, се вратив. Со секој следен клиент беше се полесно, се убедив себеси дека тоа сепак е само работа.
А дали навистина и било полесно?

Воглавно немав проблеми. Еднаш се случи да еден клиент дојде лут и да сака целосно да ме врзе и да не прави ништо, само да ме гледа како не можам да мрднам. Еден сакаше јас него да го врзам. Се останато беше воглавно нормално. Имаше барања околу предиграта и долната облека, додека врв на перверзијата е аналниот се*с.

Нејзини, како што она ги нарекува клиенти, воглавно се богати арапи на кои белите жени, како што вели таа, им се чиста егзотика. На почетокот „најмногу се бараа“ природни девојки, а сега и тоа се промени. Сега се бараат девојки со големи, вештачки гради и усни. Па Наташа и тоа го променила на себе, па вели дека сега има „премиум статус“ кој и гарантира 2.000 долари за ноќ. Вели дека затоа и инвестирала во себе.

Девојките од Европа се најплатени

Додека ми го раскажуваше сето ова, зборуваше така трезно, смирено и без емоции. Како да не зборува за себе, туку за некој друг, некој кој нема врска со неа и чиј живот е некоја занимлива приказна која вреди да се раскаже.

И кога и реков зошто не престанува тоа да го прави сега кога заработила доволно пари, таа само ми рече:

„Не можам, едноставно ова е сега мојот живот и сум задоволна со него. И не се работи само за пари, бидејќи јас сега и не знам што друго би можела да работам, а вака добро да заработувам. Еднаш кога ќе влезете во оваа работа, излез нема.“

Ми рече дека нема момче, бидејќи до сега не запознала некој кој би немал проблем со нејзината работа. Ми ракасажа дека девојките од Европа се најплатени, додека најмала „цена“ имаат жените од Кина, Индија и Филипини.

На мајка и и кажала што работи, а на татко и дека работи како стјуардеса. Редовно им праќа пари. Кога ова ми го кажа, веќе ништо не можев да ја прашам.

Знам само дека, како што пишуваше француски „Монд“, Наташа е само една од 40.000 жени која се занимава со оваа работа во Дубаи. Иако проституцијата е официјално забранета во ОАЕ, практично се толерира во Дубаи, па затоа и е популарна дестинација за туристите заинтересирани за оваа врста на „туризам“.