Познатиот пејач Аца Лукас прозборе за легендарната Марина Туцаковиќ со која години наназад соработуваше и беа блиски пријатели, а откри зошто не бил на нејзиниот погреб.
Лукас и открил како и многу негови колеги, зошто не се огласил по смртта на Марина.
– Потполно е дегутантно да зборуваме за тоа кога жената е почината. Ме викнаа да им кажувам некакви анегдоти. Па, зарем во такви моменти? Нека и е лесна земјата, а ако ме прашауваш дали ми е жал, се разбира дека ми е жал. Мојот живот е врзан со нејзиниот. Точка – рекол Аца и открил кога последен пат се виделе.
– Не знам зошто е тоа важно? Наш последен контакт беше кога ја снимивме песната „Волиш ли ме“, бидејќи тоа е последна песна која таа ми ја напиша. После тоа веќе не се видовме – изјавил Лукас.
Лукас не бил на погребот на Марина и тоа не поради нејзиниот син Милан, туку поради други причини.
– Не бев тука. И секако дека не мислам дека е некакво мерило за докажување на тага ако одиш на погреб. Јас повеќе сакам да ми покажуваат љубов додека сум жив, а кога ќе умрам што ми е веќе гајле – рекол пејачот.