Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена го одведе своето момче Богдан Срејовиќ на Кипар, а судејќи по објавите на социјалните мрежи, парот се сретна со фудбалерот Вујадин Савиќ.

Имено, на Инстаграм профилот на Вујадин се појави фотографија од плажа каде тој и Богдан позираат прегрнати, додека нивните извајани тела се во преден план, на радост на сите жени.

Цеца и Богдан со денови уживаат на Кипар, а фановите на пејачката беа воодушевени од фотографијата од нивната романтична вечер.

Богдан стави срцев емотикон до оваа слика и очигледно е дека се им било прекрасно.

Вујадин исто така беше на Кипар со денови, а неговата невенчана сопруга Мирка Васиљевиќ се породи таму по четврти пат пред неколку дена.