Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Џердан Шаќири, уште еднаш како и многупати претходно не пропушти да го покаже своето потекло на кое што очигледно е многу горд.

И додека за едни е скандал, а за други потег за воодушевување, објективниот коментар е дека фудбалерот беше затекнат од целата ситуација. И додека српските медиуми коментираат дека Шаќири гордо давал изјава под амблемот на УЧК и дека ова е скандал, во дел од албанските има коментари дека Шаќири го отфрлил ваквиот потег. Сепак, сами проценете од реакцијата на фудбалерот.

Имено, по завршувањето на вчерашниот квалификациски меч помеѓу Швајцарија и Северна Ирска, Шаќири даваше интервју. Во еден момент, непознат човек влезе во кадарот и му облече на Шаќири парче гардероба на која што стои логото на УЧК, своевремено воената формација која беше дел од војната на Косово.

По кратка насмевка, Шаќири реши да ја тргне јакната. Погледнете: