Секој ден, голем број луѓе се тестираат поради Ковид-19, а бројот на оние кои се сомневаат дека имаат корона е уште поголем.
Честопати, потенцијално заразените луѓе, од желба да не чекаат премногу долго за PCR тестирање, решаваат да го најдат одговорот во брз антигенски тест, кој е полесно достапен, бидејќи може да се купи и во аптека по цена од 299 денари.
Деновиве, вирусологот д-р Ана Банко одговори многу сликовито за што служи тестот. Таа ги објасни основните разлики на својот Твитер профил.
– ПЦР наспроти брз антигенски тест: Напредната технологија можеби не е идеална во сите околности, еве една аналогија: Телескопот ја зголемува сликата 1.000 пати, а двогледот 10 пати. За да видите птица на планина, потребно е да зголемите 1.000 пати. За да ја видите планината, доволно е 10 пати, можеби и подобро, вели докторката Банко.
Таа понатаму ја префрли метафората на полето на откривање вируси.
– PCR е позитивен ако има МИНИМАЛНА концентрација на вирус во брис (важен за асимптоматски или пресимптоматски носители на вирусот); Антигенскиот тест е позитивен доколку постои ЗНАЧИТЕЛНА концентрација на вирусот (важен за потврдување на дијагнозата кога има симптоми или за откривање на инфективноста на поединци), заклучи таа.