Еден 99-годишен старец ги открил своите животни лекции кои на секој би можеле да му послужат како насоки за посреќен живот и поспокојно стареење.
Вилијам Бредфорд Џејмс Андерсон бил цели 67 години во брак, се додека неговата сопруга не починала.
За тие 67 години преживеале многу работи, ги израснале своите две деца и посвоиле едно момче. Овој дедо не посетувал факултет, но успеал да постигне многу во животот.
Во продолжение, прочитајте кои животни лекции тој ги научил во текот на својот живот:
1. Секогаш негувајте добра смисла за хумор.
2. Не плашете се да започнете од нула.
3. Вежбајте секој ден, дури и кога не сте расположени за тоа.
4. Не трошете повеќе отколку што можете да заработите.
5. Секој ден консумирајте свежо цеден сок од портокал.
6. Љубовта на прв поглед не е бајка.
7. Подобро да имате лоша работа отколку воопшто да немате.
8. Јадете онолку колку што ви е потребно, не се прејадувајте.
9. Вашето семејство е нешто најдрагоцено што можете да го имате во животот.
10. Животот е чувствителен. Ако го занемарите, може да се расипе.
11. Никогаш не плашете се да бидете она што навистина сте.
12. Сите имаат премногу облека. Носете го она што го имате и престанете непотребно да купувате нешта.
13. Морате да бидете способни да простите, дури и кога тоа ви изгледа невозможно.
14. Сега чувајте ги парите, трошете ги подоцна.
15. Љубовта не е лесна, често мора многу да работите на неа.
16. Пронајдете нешто смешно во секоја ситуација во која ќе се најдете.
17. Кога ќе наидете на проблем, не го одложувајте неговото решавање. Ако сепак не постои начин, заборавете на тоа и продолжете понатаму.
18. Погрижете се да го работите она што навистина го сакате. Не плашете се да ги следите своите соништа.
19. Образованието е важно, но не и неопходно. Животот само по себе може да ви биде школа.
20. Истражете го својот свет и секогаш бидете љубопитни.
21. Обидете се да не ги сфаќате работите премногу сериозно.
22. Имајте здрав разум. Добро размислете за секоја ситуација. Доколку на работите во животот не им приоѓате со здрав разум, ќе пропаднете.
23. Животот е подарок кој мора да го отворите, а на вам останува да одлучите да тоа што е внатре ќе ве направи среќни или ќе ве фрли во очај. Вие ја имате таа моќ.