Здравјето на Марина Туцаковиќ одеднаш се влошило, поради што интервенирала брзата помош, јавуваат српските медиуми.

Познатата авторка на многу хитови сега е примена во болницата „Драгиша Мишовиќ“ и таа е позитивна на корона вирусот.

Марина беше згрижена во споменатата болница, каде медицинскиот персонал и посвети целосно внимание со цел што побрзо да ги реши сите нови здравствени проблеми и да спречи влошување на нејзината состојба, пишува „Пинк“.

Марината во моментов наводно е поврзана на кислород, и како што велат лекарите – не е во животно загрозувачка состојба и постојат сите шанси наскоро да закрепне.

Да потсетиме, утрово нејзиниот син Лача ја извести јавноста дека неговата мајка е во многу лоша состојба и не може да дише.

Потоа проговори нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута, кој е многу загрижен за Туцаковиќ.

– Марина не може да зборува, не се чувствува добро, не е добро, порача тој.