Марина Туцаковиќ, најпознатиот текстописец во регионот, почина денеска на 67 -годишна возраст по тешка битка со болеста.

Таа почина во недела, како во најголемиот хит на Џеј Рамадановски, кој всушност таа го напиша.

Таа беше голем пријател со покојниот Џеј Рамадановски, кого го прослави со своите хитови. Тој беше погребан со звуците на токму таа балада на 9 декември.

Инаку, и Рамадановски како и Туцаковиќ почина во недела на 06.12.2020 на 56 години, откако неговото срце престана да чука.

Марина е родена на 4 ноември 1953 година, во Белград. Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти, а сите тие ги живееше со поддршка и љубов на сопругот Александар Фута Радуловиќ.

На почетокот на 2018 година, и беше дијагностициран малиген тумор на дојката, по што наскоро била оперирана, но не успеа да крај да ја победи болеста.

Радуловиќ за спрските медиуми ја потврди веста за нејзината смрт.

– Вистината е. Не ме прашувај ништо. Ви благодарам за разбирањето – изјавил Радуловиќ

По некои охрабрувачки вести во последно време, дека нејзината здравствена состојба се подобрува, следеше најтажната – Марина не успеа да се справи со болеста.