Тој мрази се што е српско, и без српските лекари Џердан Шаќири, не само што не би играл фудбал, туку и немаше да има нормален живот, пишува српски Курир откако во јавноста стана актуелна снимката со фудбалерот каде дава изјава со јакна со амблем на УЧК, иако за волја на вистината, Шаќири веднаш ја соблече истата откако го виде логото.
Српските медиуми пишуваат дека репрезентативецот на Швајцарија е роден со деформитет на десната нога, која беше успешно третирана на Детската клиника во Универзитетот во Белград.
Еден од нашите истакнати лекари го спаси Шаќири користејќи револуционерен метод во тоа време, пишува Курир и додава:
– Шаќири е роден со вродена деформитет на десната нога. Ногата му е свртена навнатре поради недостаток на простор во стомакот на неговата мајка. Веднаш по раѓањето, тој беше испратен од Гњилане во Врање, а потоа и во Белград во Тиршова улица. Тој беше лекуван таму од нашиот познат лекар, експерт за вакви деформитети.
Лекарот потоа го применил таканаречениот понсетиев метод со цел да се избегне ризична операција на стапалото. Овој метод тогаш почна да се применува. Тоа значи носење корективни лонгети пет до осум недели. Подоцна, за детето се прават специјални чевли, кои ги носи до третата година од животот, пишува Курир.