Фудбалерите на Македонија и Германија во овие моменти излегоа на теренот на Арената „Тодор Проески“ и започнаа да се загреваат пред почетокот на натпреварот во рамките на квалификациите за СП Катар , што значи дека натпреварот дефинитивно ќе се одигра.

Силниот дожд што го зафати главниот град во овие моменти, беше силна пречка за,можеби натпреварот да се одложи , но во комуникација со делегатот и главниот судија беше одлучено дека сепак натпреварот ке започне во превидениот термин.

Дождот веќе неколку часа паѓа во Скопје, и го поплави теренот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Фудбалерите ги чекаат крајно тешки услови за игра вечерва на тревникот.

Останува да се види како ќе биде пред почетокот на натпреварот, но во моментов теренот не е во најдобра состојба. Прогнозата е дека дождот ќе биде присутен во првиот дел, додека можеби ќе прекине во текот на второто полувреме.

Во секој случај на играчите нема да им биде сеедно со оглед дека во вакви услови се менуваат многу нешта од тактичко-технички план.

Судиската тројка на чело со Макели од Холандија како да се подисплашија од дождот , па со чадори излегоа да ја проверат ситуацијата на теренот.