Традиционално по 17 пат денеска се одржува спортскиот настан Виз Ер Скопски маратон. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт беше во 8 часот, а трката на 5 километри започна во 8:10 часот, од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон.
Патеката по која учесниците трчаа беше иста, како и претходната година, а од организацијата известуваат дека дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз.
Скопскиот маратон секоја година има по некој впечатлив маратонец, а оваа година веруваме дека тоа е Христија. Неговиот изглед дефинитивно ги привлече погледите на скопјани.
Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.