Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Студио 10“, коментирајќи ја екстрадицијата напомена дека нашата земја има основа да побра од Унгарија екстрадиција на екс-премиерот Никола Груевски.
– За него има основа да го бараме. Од Будимпешта добиваме информација дека не планираат да го екстрадираат сега за сега затоа што има политички азил од унгарската влада,кажа министерот за правда.
Тој напомена дека еднаш годишно се испраќа барање за екстрадиција до Унгарија и тоа се прави во втората половина од годината.