Инфективната клиника во Скопје доби и дополнително обезбедување составено од полициски специјалци.

-Во кругот на Клинички центар покрај Ковид болницата има повеќе полициски специјалци кои според нашите информации имаат за цел обезбедување на болница каде на лекување се наоаѓа еден од македонските државјани кој е осуден за случајот Диво Насеље, објави телевиизја Телма.

Од затворската управа потврдија дека кумановец осуден за поддршка и логистика на терористичката група во моментот наместо во притвор во Шутка е во Ковид болница затоа што се заразил со корона вирус и добил пневмонија. Според управата, состојбата му е стабилизирана и веќе неколку денови е во болница.

Немаат информации како се заразил бидејќи е во келија, но има право на посети и на движење низ затворот согласно дневниот распоред за излегување.

Поради опасност од бегство и од безбедносни причини, како превентивна мерка околу затворите каде се сместени осудениците (голем број и доживотно) за Диво Насеље има дополнителни полициски сили од специјалните единици на МВР.

Во инцидентите во Куманово во мај 2015-та загинаа 8 полицајци, над 50 беа повредени, додека 10 припадници на терористичката група загинаа во престрелката и нападите врз полицијата.