Водителката на емисијата „Брак со невидено“, Милица Кон, ја сподели тажната вест на својата приказна на Инстаграм и им соопшти на своите следбеници дека еден учесник починал по борба со коронавирусот.

Имено, натпреварувачот Немања Миленковиќ (25) од Ниш минатата година учествуваше во споменатото шоу, а потоа ги освои симпатиите на публиката, но и на потенцијалните млади девојки.

Милица беше длабоко потресена од оваа вест, и сподели емотивна порака на Инстаграм со сликата на Немања.

– За жал, по повеќе од еден месец борба, нашиот Неко, младоженецот од шоуто, во кого се заљубивте не’ напушти … Нека ти е вечна славата – напиша Милица и стави емотикон со црвено срце.