Плажите кај јужниот сосед ќе бидат отворени на 15-ти мај со строги здравствени мерки.
За државната телевизија ЕРТ, генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Панајотис Стамбулидис изјави дека мерките за здравствена заштита како што се физичкото дистанцирање и маските, а тоа важи најмногу за најмногу за вработените, ќе продолжат да се применуваат на плажите. Објаснувајќи ја забраната за музика, Стамбулидис кажа дека стручните извештаи укажуваат на тоа дека амбиенталната врева може да придонесе за ширење на вирусот принудувајќи го персоналот да го крене својот глас, ширејќи повеќе честички во воздухот.
Овој потег доаѓа откако грчките ограничувања за патување постепено се намалуваат по официјалното отворање на туристичката сезона на 14-ти мај.