Холивудската актерка Хали Бери (54) на 93-тото доделување на филмските награди Оскар привлече големо внимание, како со фигурата во фустанот што изгледаше прекрасно, така и со необичната фризура.
Хали се одлучила за гламурозен фустан во виолетова нијанса, со лелеава ткаенина, тул и деколте што го одзема здивот.
Таа ги истакна своите облини, но, сепак, дури и од нејзиното заносно тело, фризурата привлече поголемо внимание.
Хали имаше кратка боб со бебешки шишки, што многумина го карактеризираа како смел избор.
View this post on Instagram
Оваа престижна награда Хали ја доби во 2002 година за филмот „Monster Ball“, а на најновото доделување пристигна во друштво на нејзиниот партнер, музичарот Ван Хант.