Српската блогерка и инфлуенсерка Зорана Јовановиќ Зоранах во своето најнови видео на ЈуТјуб изјавила дека наводно била во врска со Бака Прасе, па поради тоа била оставена од поранешното момче, македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, пишуваат српските медиуми.
Зорана во видеото потврдува дека на почеток од ова година била во врска со македонскиот репрезентативец, Бобан Николов.
На почеток од видеото таа открива дека имала голем проблем со поранешното момче поради јутјуберот Бака Прасе.
-Зимата Богдан ми направи голем проблем буквално. Ја сподели мојата стори приказна, на која не беше тој, па се преправаше дека е. Кретен. Моето поранешно момче е „на апарати“ и тогаш и сега, вели Зорана.
-Некое момче било љубоморно на мојот алфа статус. Јас, да сум ти поранешно момче, секаде би те следел. Би си викал, каква девојка изгубив, и’ одговори Бака Прасе.