Синоќа на полноќ, четири безживотни тела се донесени за обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје. Само што се раздени, роднините стигнаа да ги идентификуваат нивните најблиски кои починаа во Ковид центарот во Тетово.

-Кој е најблизок роднина? Јас сум лекар, ова е зетот а ова внукот. Синот на вашиот чичко колку години има? 35. Има ли некој поблизок од семејството. Татко, мајка или брат. Идентификувањето ќе се врши врз база на ДНК. Нема да можете го видите телото бидејќи не е дозволено. Треба да се земе брис.

35 годишниот требало денеска да излезе од болница, вели неговиот роднина. Според него, уште поголема трагедија е што 6 и 11 годишни деца останаа без татко.

„35 годишен беше. Денеска требаше да излезе од болница. Со маска и се друго што беше потребно за дишење му купивме за да може да продолжи со живот, но Господ сакал така.“.

Бидејќи дел од жртвите не можат да бидат идентификувани, на роднините им се зема брис за да се изврши ДНК анализа.

Тие не знаат ништо за нивните блиски. Еден од нив вели дека не знае ништо за својата мајка.

„Дојдов да видам дали е жива или не. Немам никаква информација. –Немате никаква информација? Не, немаме никаква информација. –Отидовте ли во болницата во Тетово? Да, отидовме, но никој не дава информација. Да видиме што ќе има и што ќе правиме.“

Еден беше дојден за да го теши својот другар.

-Со него сме другари. –Имавте ли роднина? Ова е трагедија, немавме роднина но имавме пријатели.

Во меѓувреме директорот на судска медицина, Александар Станков за ТВ21 рече дека целиот институт работи на случајот на починатите пациенти од Ковид центарот во Тетово. Целиот процес на идентификување треба да заврши до утре, најдоцна во сабота.

До сега нема ниту еден повреден пациент кој се лекува на Скопските клиники. Сите повредени во моментов се лекуваат во болницата во Тетово.