Д-р Гзим Нуредини, кординатор во ковид центарот во Тетово, во емисијата 24 анализа истакна дека повредените во пожарот се во стабилна состојба, тие се позитивни ковид пациенти и немаат сериозни повреди. Сместени се во интерното одделение.

– Овие три дена бевме среќни поради тоа што немавме смртни случаи и дел од пациентите се стабилизираа. Сега имаме 75 хоспитализирани.

Во однос зошто било дозволено посета во таков ковид центар, доктор Нуредини вели дека немало недостаток на кадар и целиот ковид центар бил снабдуван со непохдниот кадар. Што се однесува до посетите, кај нив има пациенти кои се роднини на медицнски сестри и можеби и тоа допринело да има посета, но сите тие морале да ги почитуваат анти ковид мерките и не им било дозволено да ги посетат повеќе од 15 минути.

Во однос на жртвите Нуредини вели:

– Имаме двајца починати цивили и 12 починати пациенти.

За тоа како настанал ожарот доктор Нуредини вели дека е побарано што побрзо да се открие причината.

– Откако се случи пожарот, имавме веднаш информација и цела клинка беше пред модуларната болница, беа евакуирани пациентите за кратко време, чадот ги зафатил просториите. Ни беше сомнително како чадот толку брзо се прошри. – вели Нуредини.