Истрагата на терен заврши. Од наодите на местото на настанот, Јавното обвинителство соопштува дека работи на расветлување на причината за пожарот. Извори на Алсат во обвинителството велат дека истражниот тим работи на две патеки.
Првата е поврзана со сомневањата дека пожарот бил предизвикан од боци со кислород што го прошириле огнот во синџир, а втората дека огнот може да е предизвикан од несоодветна електрична врска, односно од дефибрилатор. Во моментов, Обвинителството не покрена сомневање за намерно подметнување пожар од човечки фактор.
Но, Обвинителството тврди дека до затворање на истрагата, секоја верзија објавена во јавноста останува во рамките на шпекулации. Обвинителите ги зедоа и сведоштвата на вработените во модуларната болница, додека за дел од 14 – те жртви се бара ДНК анализа.
Јавно обвинителство
„Наредена е обдукција за 14 лица кои починаа како резултат на пожарот. Во меѓувреме, се работи на тоа дека може да има и други жртви. На некои од жртвите ќе им треба и ДНК анализа за да е потврди нивниот идентитет. Од првите информации, меѓу жртвите нема медицински персонал.
Сомнежите против овој модуларен центар се појавија од април, кога економскиот директор на тетовската болница, Артан Етеми, пријави нерегуларности во процесот на изградба на објектот. Етеми денеска беше недостапен за коментар, додека Владата и Министерството за здравство тврдат дека модуларната болница ги исполнила сите стандарди предвидени со закон.
Дали институциите ја завршија својата работа. Неправилности во изградбата на модуларната болница беа пријавени од вашиот колега во април. Дали беа прикажани овие неправилности, дали беа поправени?
„Ќе оставиме на истражните органи да го потврдат ова.
Прашање: Господине директоре, не интересира дали во времето кога беа пријавени неправилностите, тие потоа беа санирани.
„Ова прашање беше дискутирано денеска на седница на Владата. Самиот директор ги даде потребните објаснувања за неговите забелешки за модуларната болница во Тетово. Се работи за технички прашања, како и забелешки во април.
Прашање: Кога зборуваме за стандарди, се вели дека немаше систем за гаснење пожар во модуларната болница?
Флорин Бесими, директор на Градската болница во Тетово
„За волја на вистината и истрагата, нека го кажат тоа надлежните органи.
Сомнежите дека причината за пожарот можеби дошла како резултат на технички грешки при изградбата ги негира и компанијата „Брако“ која изгради неколку модуларни болници на државно ниво. Според нив, забелешките на економскиот директор биле за естетски прашања, а не за суштински.
Компанија Брако
„Техничките забелешки што беа пријавени за време на пуштањето во работа и што беа споменати во некои медиуми беа главно од естетска природа и воопшто не можат да се поврзат со трагедијата.“
Јавното обвинителство соопштува дека по завршување на теренската истрага и прибирањето на сите материјални докази, јавноста ќе биде известена за првичните причини за пожарот што ја предизвика трагедијата.