Тажни вести во регионот. Почина е легендарниот фудбалер Данило Попивода.

Попивода почина на 74 -годишна возраст во населбата Бијела кај Херцег Нови.

Легендарниот словенечки фудбалер роден на 1 мај 1947 година во Ловченац. Започна да игра во 1964 година во младинскиот тим на НК Олимпија Љубјана и брзо се истакна во младинските тимови на Љубјана, СР Словенија и Југославија.

Стана професионалец во 1965 година и како одличен напаѓач, најчесто десно крило, одигра повеќе од 226 првенствени натпревари во дресот на Змајчек и постигна 58 првенствени голови.

Исто така, одигра 20 натпревари за најдобрата селекција на Југославија, за кои постигна пет гола.

Дебитираше на 14 јуни 1972 година на натпреварот против Венецуела (10:0) на „Купот на независноста на Бразил“, во кој го постигна првиот гол за националниот тим, а последниот натпревар се одигра на 30 ноември 1977 година против Шпанија, во Белград.

По играњето, заполна тренерска кариера, а извесно време беше селектор на словенечката репрезентација.