Веројатно сте слушнале за тврдењето дека јаболките можат да го продолжат животот и да спречат појава на многу болести, но дали е тоа вистина или мит?
Еве што вели познатиот доктор Крис Стил.
Долгиот живот може да се постигне преку здрав начин на живот и соодветна исхрана. Како дел од здрава, урамнотежена исхрана, експертите препорачуваат секој ден да јадете најмалку пет порции разни овошја и зеленчук.
Лекарот тврди дека оваа изјава е многу блиску до вистината и дека тој силно препорачува голем внес на јаболка.
Како прво, јаболката е одличен извор на растителни влакна, и тие се одлична состојка која е поврзана со помал ризик од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2 и рак на дебелото црево.
„Изборот на храна богата со растителни влакна нè прави задоволни, додека во исто врене помага на варењето и спречување на запек“, вели тој.
„Истражувањата покажаа дека јадењето едно јаболко на ден го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар за 12 проценти“.
Јаболката содржат изобилство на витамин Ц, кој е моќен природен антиоксидант кој блокира дел од штетите предизвикани од слободните радикали.
Јаболката помага во губење на тежината, а прекумерната тежина е причина за многу болести.
Еден експеримент докажа дека група учесници кои јаделе неколку парчиња јаболка пред оброкот изгубиле тежина, за разлика од оние што не јаделе. Калорискиот внес на оние кои консумирале јаболка е 200 помалку.
Јаболката го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2. Ова овошје се покажа дека го намалува ризикот за дури 28 проценти.