Текстописецот Марина Туцаковиќ ја загуби болната битка со ракот, со која се бореше повеќе од три години. Таа почина вечерва, на 68 -годишна возраст.
Последен пат таа се појави во јавноста на 11 јуни 2021 година, на промоцијата на албумот на пејачката Сузана Јовановиќ, кога сите присутни беа среќни со нејзиното доаѓање.
Марина пристигна на настанот во инвалидска количка, но и тогаш зрачеше со храброст и нејзината извонредна енергија и надеж дека се ќе биде добро.
Имено, таа со години водеше тешка борба со ракот, а на споменатиот настан се појави во инвалидска количка, а нејзината состојба беше стабилна со месеци претходно, што се покажа и при ова појавување.
Марина отсекогаш важела за вистинска дама, па дури и на нејзиното последно појавување беше стилизирана од глава до пети.
По тој повод, Марина за медиумите рече:
– Јас сум на терапија и секако, не можам да бидам многу добро. Поради ситуацијата со корона вирусот, имам редовни терапии. Отпрвин ми беше тешко со нив, но сега сум навикната.
Во таа прилика, Туцаковиќ, исто така, истакна дека поголемиот дел од времето го поминува дома затоа што се штити од корона вирусот.
„Излегов малку, и јас сум жива душа“, рече таа.
Таа се повлече од јавниот живот откако дозна за болеста, а нејзините фотографии повремено ги објавуваше нејзиниот син Милан Лаша Радуловиќ до сега.
Погледнете како Марина изгледаше кога последен пат се појави во јавноста.
📷
📷
📷
📷
📷
📷