Српската поп пејачка Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо објави фотографија на Инстаграм во бикини, но вакви коментари сигурно не очекуваше.
Летото доаѓа, а кој имал вишок килограми за симнување, ако до сега не ги симнал, може и да не се слика до следната сезона. Пејачката Сара Јо, очигледно немала што да симнува, барем судејќи по фотографијата која ја постави на Инстаграм, каде позира доста провокативно.
На оваа нејзина фотографија следеа доста коментари, поточно комплименти за нејзиното прекрасно тело.
„Колку си згодна“, „Каква риба“, „Адријана Лима и Ирина Шаик можат да ти завидат“, беа само дел од коментарите.
Но, како и секогаш, има и такви кои наоѓаат и по некоја замерка:
-Убава како сон, само помалку глутен, Бакнеж, гласи коментарот.
Ние овде не гледаме никаков вишок, дури ни во пределот на стомакот, а вие?