Сопственикот на штипскиот Сити Мол завршил во Клиничката болница во Штип, објави регионалната штипска телевизија МНЕТ. Тој се здобил со тешки телесни повреди по физичка пресметка која се случила во саботата вечер пред угостителски објект во трговскиот центар. За ваков случај за телевизијата потврдија и од СВР Штип:
– Во соопштението испратено оттаму стои дека во угостителски објект во трговски центар во Штип, А.Н. од Штип физички го нападнал 34 годишниот Г.Ј. од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од Секторот за внатрешни работи
Од штипската Клиничка болница пак потврдија дека кај нив има примено пациент, кој се здобил со повреди при физичка пресметка, но за идентитетот на лицето не дадоа информации.
Според очевидци, по вербална расправија помеѓу сопственикот и уште едно лице, дошла до физичка пресметка во која учествувала група од пет лица кои го нападнале сопственикот на штипскиот Сити Мол.