Надзорна камера го покажува последното место каде што се видени двете девојчиња од Струмичко, Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14), по кои од попладнево трагаат пријатели, роднини, полицијата. Ова е споредна уличка од булеварот „Кочо Рацин“, меѓу трговскиот центар „Веро Џамбо“ и Олимписки базен.

Девојчињата биле дојдени на еднодневна посета на Саемот за книги во Скопје. Трага им снемува околу 16 часот, недостапни се на телефоните.

Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред трговскиот центар „Веро Џамбо“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, информира МВР.

Доколку имате информации контактирајте ја полицијата или Марјан 078 500 080.