Македонската јавност ќе тагува уште долго за големата загуба со смртта на Јулија Николиќ (Портјанко), а нејзините најблиски одредија термин за последен поздрав со некогашната ракометна репрезентативка.
Последниот поздрав со Јулија Николиќ е закажан за в четврток. Погребот на градските гробишта „Бутел“ ќе биде во 11 часот, а од 10 часот е предвидена комеморацијата во капелата во „Бутел“.
Николиќ почина синоќа околу 22 часот, ненадејно и без претходни здравствени проблеми. Имаше само 38 години, во својата богата кариера запиша близу 190 настапи во дресот на македонската репрезентација, а беше дел и од двата најголеми клуба кај нас, Кометал Ѓорче Петров и Вардар.
Денеска сите нејзини колешки, соиграчки, пријателки… се простуваат за последен пат на социјалните мрежи.
Ова беше голем шок и уште една потресувачка вест за заминување на добро познато име во македонскиот ракомет.
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷