Пред неколку дена во српските медиуми одекна веста дека Небојша Грнчарски, сопственик на модна агенција и модел, ја мал третира сопругата Драгана. Според медиумите, Драгана денеска повторно го пријавила својот се уште законски сопруг.
Според медиумите, Небојша денеска ја пресретнал Драгана, која ја напуштила брачната заедница, ја навредил и и’ се заканил со зборовите:
„Застани, ќе ти е*ам мајката, ку*во една, ќе те погребам, ќе ме запамтиш за цел живот“. Настанот се случил утрово околу 9 часот во Белград, а Драгана се пријавила во полициската станица Стари Град.
Врз основа на проценката на ризикот, на Грнчарски му бил забранет контакт и пристап до Драгана.
Да потсетиме, пред неколку дена, медиумски извор откри дека Драгана Грнчарски поднела барање за развод до судот, истиот ден кога поднела кривична пријава против нејзиниот сопруг.
Во кривичната пријава, таа навела дека трпи мал третирање, односно Небојша и се заканил дека „ќе и е*е мајката кога ќе ја види и дека ќе добие дебел ќо тек“. Според неа, ваквата ситуација траела со месеци, од септември минатата година, но дека се кулминирало во јануари, но досега не сакала да го пријави бидејќи верувала оти ќе успее да ги реши несогласувањата, вели извор за српските медиуми.
Сега таа го сторила тоа затоа што нивната врска не се подобрила, но, како што вели добро информиран извор, продолжило лошото однесување од страна на нејзиниот сопруг.
Инаку, како што наведува Драгана во кривичната пријава, таа вечер, на 4 јануари, додека седела и читала книга, Грнчарски наводно и пришол и и’ рекол дека таа е „губитник што никогаш не направила ништо во нејзиниот живот“, и дека „и циганка можела да му роди три деца“, а потоа ја фатил за двете раце и почнал да ја тресе.
Како што тврди изворот, Драгана на ова молчела, а Небојша уште повеќе се изнервира и викал: „смотана, зборувај“, а потоа и уд рил неколку шла каници – додава тој.
Во извештајот против нејзиниот сопруг, Драгана откри дека токму тогаш го напуштила нивниот заеднички стан за прв пат. По тој повод зборуваше и Драгана.
– Вистина е дека поднесов барање за развод. Не сакам да коментирам за останатото, тоа било се’ што изјавила некогашната манекенка.
Од друга страна, Грнчарски тврдеше дека нема нас илство.
– Немаше физичко или психичко мал третирање. Таа доброволно, додека бев на пат со моите три деца, го напушти станот и се пресели на непозната локација. Таа остави три деца со мене во последните два месеци. За тоа време, таа им се јавила само неколку пати и трипати била во станот за да ги види. Што прави сега и со што се занимава, ниту децата, ниту јас немаме увид, а другите работи ќе ги решаваме преку бракоразводни спорови, рече тој.