Припадниците на специјалната полициска единица на Косово денеска донесоа специјално оклопно возило на преминот Јариње, на кое беше поставен митралез, пишуваат српските медиуми.
Новинарот Младен Мијатовиќ кој известуваше во живо за вестите на ТВ Пинк објави дека албанските специјални сили присутни на северот на Косово и Метохија биле вооружени до заби и дека специјално оклопно возило било паркирано во близина на административниот премин.
Претходно, два српски „орли“ патролираа над Јариње, направија два круга, а потоа заминаа.
Според неофицијални информации, откако „орлите“ прелетале, полицијата на лажната држава подигнала дрон кој над блокадата прелетал над областа.
Протестот на Србите од Косово и Метохија, незадоволни од одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички со српски ознаки и да распореди специјални полициски сили на административните премини Јариње и Брњак, трае веќе седум дена.
Неколку десетици камиони и неколку десетици возила на граѓани од северот на Косово и Метохија направија блокада, долга околу три километри, но тами има и дваесетина оклопни возила на РОСУ и џипови на косовската државна полиција.
Ситуацијата на премините, кои со денови беа блокирани од камиони и тешка механизација, во моментов е мирна, но тензична.
Пушкомитралез 7.62!
Денеска, специјалните сили на РОСУ на Јариње почнаа од земја да нишанат хеликоптери на Војската на Србија со пушкомитралез 7,62, пишува Република.рс.
– Тоа е оружје што може да собори хеликоптер „како мува“, а Албанците го добиле од Американците. Митралезот е, инаку, на борбеното возило „хамви“ што го користат Американците во Сирија, Авганистан, Ирак … Инаку, ова возило е направено така што може да претрпи и удар зоља, пишуваат српските медиуми.
Инаку, косовската полиција, по наредба на премиерот Албин Курти, го додаде овој митралез на административниот премин Јариње каде се стационирани косовски сили.
Приштинските власти го донесоа ова оружје како реакција на прелетувањето на српските борбени авиони над Јариње.