Протестот на Србите од Косово и Метохија, незадоволни од одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички со српски ознаки и да распореди специјални полициски сили на административните премини Јариње и Брњак, влезе во седмиот ден, јавуваат српските медиуми.

Ноќта на административните премини, кои со денови беа блокирани од камиони и тешка механизација, мина мирно, но ситуацијата се уште е напната.

Два авиони од типот „орел“ утрово прелетаа над Јариње во два круга, што предизвика голема радост кај српските граѓани кои мирно протестираат против последната провокација на Приштина, коментираат српските медиуми.

Околу половина час пред српските авиони, хеликоптер на КФОР прелета над областа каде што беа распоредени полициските специјалци и насобраните Срби.

Неколку авиони на српската армија вчера исто така во неколку наврати прелетаа над Јариње и Брњак, а се појавија непотврдени информации дека колона тенкови се движи од Рашкe кон административните премини.

Рано утрово беше забележана колона возила на косовската полиција, кои, според информациите од медиумите од Косово и Метохија, минале низ Зубин Поток на пат кон Брњак.

-На социјалните мрежи се појавија фотографии од албански специјалци, кои ги провоцираа насобраните Срби, покажувајќи двоглав орел што го симболизира таканаречената Голема Албанија, пишува српски Курир.

📷

Министерот за одбрана Небојша Стефановиќ и началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, утрово започнаа обиколка на делови од нашите сили кои се во состојба на зголемена борбена готовност и распоредени во рамките на тактичките групи лоцирани во гарнизонот Рашке и воената база Рудница во насока кон административниот премин Јариње.