Марина Туцаковиќ почина денеска по долго и тешко боледување.

Текстописецот Марина Туцаковиќ ја загуби борбата по тешко и долго боледување. Таа со години имаше здравствени проблеми, кои успеваше да ги реши, до сега.

Пред неколку дена, Марина беше сместена во болница и ставена на респиратори откако дозна дека е заразена со коронавирус, а нејзиниот син Лача ги молеше луѓето на социјалната мрежа Твитер да се молат за мајка му и нејзиното здравје.

Светлана Цеца Ражнатовиќ, која најмногу соработуваше со Марина, остана без зборови од тага.

– Јас сум без зборови! Зад неа е долга, мачна борба! И колку што сите ја знаевме сериозноста на ситуацијата, немам зборови! Зануба извонредна душа, жена која направи поезија од секоја ситуација, некоја на чија работа никој не остана имун, а ние што ја имавме како пријателка, можеме да се сметаме за привилегирани! Марина, драга моја, одмори ја душата и знај дека сите ние ќе те сакаме засекогаш, изјави Цеца.

Марина Туцаковиќ почина на 68 -годишна возраст, по тешко и долго боледување.