Драги браќа и сестри вчера на 23.09.2021 година по неколку месечната борба со компликациите предизвикани од вирусот, се упокои во Христа нашиот мил брат Гоце Јанѓеловски роден на 30.07.1989 година во Делчево, Македонија, а нецели две години со својата сопруга живееше во градот Бруксал во Германија.
– Знаејќи дека трошоците околку транспортот до неговото родно место каде живее неговата фамилија се огромни, Ве известуваме дека во Недела после завршувањето на богослужбата во храмот “Свети Никола” – Мајнц, ќе биде организирано собирање на финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош околку транспортот до Македонија на прерано починатиот брат Гоце. Бог да го упокои во место светло каде што нема болка, тага или воздишка, а на семејството да им дарува утеха, сила и поткрепа, објавено е на Фејсбук профилот Sveti Nikola-Mainz.
На социјалните мрежи се огласи и македонскиот иселеник Бошко Васев, кој исто апелираше за хуманост и помош.
– Ве замолувам сите од се Срце во овој тежок момент исполнет со бескрајна тага и голема болка да и помогнеме на сопругата Дијана која нема скоро никој свој тука освен сите нас, се надевам во овој тежок момент и апелирам до вашите хумани Срца за помош. Секоја мала помош е огромна помош за Дијана. Поради ситуацијата е наједноставно за помошта да ја донирате на сметка. Помагајте добри луѓе, порача Васев.