ВОНРЕДНА ВЕСТ: Вечерва на скопскиот аеродром откриен обид за влез на фалсификувани 1 милион евра
Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун, кои се обиделе да внесат скоро милион фалс евра на скопскиот аеродром, дознава Центар.мк од извори во истрагата.
– Според нашите извори, тие во Скопје допатувале од Милано, објави порталот.
Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.