Во чест на големиот христијански празник Велигден – Христово воскреснување навивачката група Комити во Драчево организираше голем спектакл.

Покрај огромниот пиротехнички материјал што беше користен за да се направи спектакуларната атмосфера, стотина членови на “Комити” со помош на навивачки арсенал направија огромен крст кој може да го видите во видеото.