Една од најдобрите кошаркарски во СФР Југославија во 1980-тите години, Жана Лелас денеска почина на 51-годишна возраст, јануваат хрватските медиуми.

Лелас кариерата ја започна во Сплит, долго време имаше и за репрезентацијата на поранешна СФР Југославија како и за Хрватска, а најголем успех во кариерата и е сребрениот медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. Дел од таа репрезентација беше легендата на македонската кошарка Стојна Вангеловска.

Три години подоцна го освои и сребрениот медал на Европското првенство кое се играше во Израел.

Жана Лелас покрај Сплит, настапуваше и за Јежице, Месина, Стразбур, Сарагоса, а кариерата ја заврши во 2009 година и тоа во тимот на Кроација.

Од 2016 година го водеше приватниот кошаркарски клуб, КАЖЛ (Кошаркарска академија Жана Лелас), заедно со својот сопруг Вјекослав Локица кој е фудбалски тренер.