Јавноста бара одговори, но и одговорност, а засега како што дознава Алфа, оставка дал само економскиот директор на болницата.

Според досегашните официјални информации, во пожарот се загинати 14 лица. Причините се уште не се познати,се претпоставува дека пожарот избувнал како последица на електричната инсталација.

Увидот траеше до пладне, а постојано дежура и противпожарна екипа. И пожарникарите сведочат за големата трагедија. Три возила и цела дежурна екипа гаснеле и се обидувале да евакуираат што повеќе пациенти.

Во Тетово е прогласена тридневна жалост, а општината ќе додели и финансиска помош на семејствата на загинатите во пожарот. Преживеаните во трагедијата згрижени се во ковид центарот на интерното одделение и се во стабилна состојба.

Јавноста бара одговори, но и одговорност, а засега како што дознава Алфа, оставка дал само економскиот директор на болницата.

Јавноста е едногласна: Оставка е најмалку што може да направите

Јавни личности, политички аналитичари, професори, доктори утрово побараа одговорност за вчерашната трагедија во Тетово. Велат, оставка од етички причини е најмалку што може да се очекува од одговорните, секако на чело со министерот за здравство Венко Филипче. На ваквите барања се приклучија и граѓаните кои на социјалните мрежи изразуваат сочувство, апелираат на заедништво, но и на одговорност.

Знаејќи во какво општество и држава живееме, ретко кој од верува дека тоа и ќе се случи:

📷

📷

📷

📷

📷