Денеска на социјалната мрежа Тик Ток се појави видео, снимено од безбедносните камери на тетовската болница, на кое може да се видат првите моменти од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, несреќа којашто ја потресе македонската и светската јавност.

На видеото е видливо со каква стравична брзина се шири пожарот, а може и да се забележи и паниката и стравот кај болничкиот персонал кој прави сè за да спаси што е можно повеќе пациенти.