Според неофицијални информации, лицето кое го објави видеото од сигурносните камери е уапсено, објави на својот Фејсбук профил новинарот Фуркан Салиу.

– 50 часа откако се случи трагичниот настан во Тетово, ниту едно лице не е повикано во обвинителство. Според неофицијални информации, лицето кое го објави видеото од сигурносните камери е уапсено. Ако овие факти не се доволни за да докажат дека обвинителството не работи за да го расчисти случајот туку да прекрие докази, тогаш сите ние сме лудаци, напиша новинарот Фуркан Салиу.

Да потсетиме, денеска на социјалната мрежа Тик Ток се појави видео, снимено од безбедносните камери на тетовската болница, на кое може да се видат првите моменти од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, несреќа којашто ја потресе македонската и светската јавност.

На видеото е видливо со каква стравична брзина се шири пожарот, а може и да се забележи и паниката и стравот кај болничкиот персонал кој прави сè за да спаси што е можно повеќе пациенти.