СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМРИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
ШТО ВЕЛИ ЗАКОНОТ: Дали Кичеец може да биде и затворен и притворен истовремено?
Oткако во саботата учествуваше во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево, во која едно лице загина, а седум се повредени на Зоран Милевски – Кичеец му е определен 30 дневен притвор и од синоќа се наоѓа во затворот во Шутка .
Но, тоа што предизвика дилеми во јавноста, е дали на Милевски, иако издржува затворска казна за случајот „Рекет“, која во моментов му е во прекин, истовремено може да му биде определена и мерка притвор.
Ова прашање предизвика дебата кај дел од правниците, за дел од нив притворот во ваква ситуација е можен, а за други пак ваквата мерка е незаконска. Адвокатот Звонко Давидовиќ за Канал 5 изјави дека вакви случаи постојат во праксата и се во согласност со законот.
„Казната која ја издржуваше се прекинува се додека не заврши оваа посатпка додека трае притворот. Јавноста се прашува зошто кога е на издржување на казна не продолжи со издржување на казна туку му се определува мерка притвор затоа што се различни статусите на осудено лице кое издржува казна и на притворено лице. Притвореното лице се внимава да не ги стори оние работи кои се предвидени во решението за определување на притвор, да не влијае врз сведоци, да не се даде во бегство, да не уништи траги. Додека, кога издржува казна му се дадени сосема други привлиегии, кои не можат како на осудено лице да му се укинат, така да ова е нешто што е нормално и во рамки на законот“, вели Звонко Давидовиќ – Адвокат.
Милевски, кој е осуден на три години затвор во случајот „Рекет“, е на едномесечен прекин, откако лекари од Охрид препорачале да се лекува од стрес и тахикардија, а Управата за извршување на санкциите, му дала такво решение по препораката. Тој на девети септември требаше да се врати во затворот во Струга. Сепак, Милевски сега е осомничени и за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.