СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Пресврт во случајот за „силувањето“ кое ја згрози Македонија

Петнаесетгодишната девојка која пријави дека била тепана, па силувана го сменила исказот во полициска станица, потврдуваат за МКД.мк полициски извори. Малолетничката која што побегна од дом од Скопје и со воз замина кај роднини во Велес, првично на полицијата и раскажа дека две лица на возраст од околу 20 години, прво физички ја малтретирале, па потоа ја силувале. За овој настан на разговор во полициска станица беа повикани две лица кои потоа беа пуштени да се бранат од слобода. За нив немаше доволно докази за да се бара мерка притвор.

„Според пријавата, на 18 септември во периодот од 22.30 до 23.30 часот на место викано „Дворови” неколу лица физички нападнале и извршиле обљуба врз малолетничка. Малолетничката била од дом во Скопје, а вчера во 18.10 часот во полициската станица Центар било пријавено дека се оддалечила од установата”,соопштија пред неколку дена од МВР.

За овој случај редакцијата на МКД.мк се обрати и до Обвинителството од каде потврдуваат дека се дадени два различни искази од страна на девојчето, но појаснуваат дека истрагата продолжува.

„Основното јавно обвинителство Велес беше веднаш известено за настанот, по што издаде Наредба за прибирање на материјални и вербални докази. Во насока на расчистување на настанот, девојчето е испратено во Судска медицина во Скопје каде се земени брисеви и истите ќе бидат анализирани. Натамошното постапување на јавното обвинителтво зависи од резултатите од побараните анализи. Имено, без оглед на дадени различни искази на девојчето, Обвинителството своите натамошни одлуки ќе ги заснива и на побараните материјални докази“, велат од Обвинителството.

Дали девојчето навистина лажно пријавило силување или исказот го сменила под притисок, ќе покаже истрагата.

Ако се потврди дека лажела, тогаш против неа согласно законот за постапување со малолетници ќе биде поднесена пријава за лажно пријавување на кривично дело.