Три лица се приведени под сомнение дека осквернавиле гроб на градските гробишта во Куманово.

Како што информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 12.10.2021 година во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(30) од Куманово.

По преземени мерки добиени се сознанија дека на 11.10.2021 заедно со Р.С.(30) од Куманово и Б.Н.(32) од Куманово, кои биле пуштени на викенд од Казнено – поправната установа „Идризово“ извршиле сквернавење на гроб.

– По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.

Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ го имаше на повеќе места во родното Куманово, но и во Скопје пред комплексот судови.

Токму во скопскиот кривичен суд почна и се одвива судењето против млад кумановец, кој е е обвинет за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина 17-годишната девојка.

Семејството обвинуваше и тврдеше дека при увидот по сообраќајната несреќа се направени повеќе грешки и сметаа дека нивната ќерка била убиена откако со тешки повреди ја преживеала сообраќајната несреќа. Обвинителството немаше такви докази и поднесе обвинение против возачот.

Исто така овој замрсен случај, имаше и продолжение кога таткото на загинатата девојка беше приведен во кумановската полиција поради сомнеж дека барал платен убиец за ликвидација на човекот кого го смета за одговорен за смртта на девојката.

-Во периодот од април до август 2021 година, Д.Ф., во врска со сообраќајна незгода која се случила во 2020 година, поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица. Исто така, во наведениот период пријавениот во повеќе наврати на лицата кои ги поттикнувал да го извршат кривичното дело „убиство“ им се заканувал со огнено оружје со цел да го извршат кривичното дело, соопшти МВР на 17-ти август.

Овој случај се уште се истражува потврдија од полицијата за Телма.

Претходно во април, мајката на загинатата девојка пријавила во полиција дека била следена од сведок на трагичната сообраќајна несреќа во која настрадала 17-годишната Јелена.

-На 14.04.2021 во 22.45 часот во Полициската станица Куманово, Г.Ф.(41) од Куманово пријавила дека околу 18.00 часот, додека се движела со своето возило „бмв“ по бул.„Октомвриска Револуција“, забележала дека ја следи возило „фолксваген голф“, кое го управува К.П.(сведок во сообраќајна незгода во која загинала ќерка на Г.Ф.). Според пријавеното, Г.Ф. продолжила со движењето, но ја намалила брзината за да ја помине возилото „голф“, но тоа не се случило. Исто така, според пријавеното, кога продолжиле со движењето на бул„Трета Македонска Ударна Бригада“ пред нејзиното возило излегло друго возило кое и го блокирало патот. Како што пријавила Г.Ф., од возилото излегло едно лице кое ѝ упатило закани, а во тој момент од возилото излегол К.П., му фрлил некаков предмет на лицето од возилото што ѝ го блокирало патот и му дал знак да си замине, одговори тогаш полицијата.