Зоран Заев си го одржа зборот. Поднесе оставка и од функцијата премиер и од функцијата претседател на СДСМ.
Падна Владата.
СДСМ е во распад.
Но, беше тоа единствениот начин Заев колку-толку достоинствено да го преживее поразот на локалните избори. Мораше да ја преземе одговорноста за дебаклот. За да не биде избркан на клоци и од Илинденска и од Бихаќка …
Откако ги киднапираше својата партија и Владата, тој ја киднапираше и кампањата, а локалните избори ги претвори во референдум, на кој граѓаните гласаа за или против Зоран Заев.
Каква глупост!
Непредизвикан од ништо и од никого, единствено можеби од својата нарцисоидност, Заев реши да се коцка со својата политичка кариера, но и со Владата и со СДСМ.
Ол ин! Извика тој гласно на сцената.
И изгуби сè. Народот му прати јасна порака – Зоки, време е да си одиш!
Или, како што беше напишано на онаа табла во Муртино – Зоки, ела си дома, не се бруки!
Првата порака од народот, онаа на 17 октомври, кога СДСМ всушност ги изгуби изборите, Заев не ја разбра. Излажа дека ја разбрал.
Гејм чејнџ! Мало сутра!
И затоа сега, после стравотниот дебакл, тој мораше да отстапи. Додека има каква-таква отстапница …
Во последниве недели и месеци, во повеќе колумни и јавни настапи, пишував и говорев за политичките гревови на Зоран Заев. Искрено, денеска немам волја да се повторувам.
Им го отстапувам просторот на неговите довчерашни апологети – ама буквално довчерашни, хаха! – кои од денеска панично фаќаат некаков нов „агол“, некое спасоносно ќоше во кое ќе ја скријат својата координирана и неодржлива одбрана на агресијата и на злобата со која самонаречениот „прогрес“ требаше на овие избори да се обедини и да го уништи „злото“.
Каков идиотски наратив, какво промашување!
О, како само овие амеби сега ја фалат оставката на Заев!
Ако не за друго, само поради тие изливи на лигавица од нивните клоаки, вредеше Зоки вака да се заебе!
О, како само тие дунстери го мразат народот!
Б. Тричковски, на пример, пишува: „Ова не беа политички избори, туку самоубиство со предумисла. Некои луѓе се шокирани и поразени. Сакам да ги утешам: Денеска е изведено ослободувањето од Македонија … Јас тоа така го доживувам. Немам повеќе обврска. Да ја ебам или на друг начин да се занимавам со неа. Ниту под разно.“
Како ли ќе преживее Македонија без да ја е*е е*ачот Тричко?! Или ќе ја е*е само во општина Центар, каде што ендорсментот му обезбеди засолниште. Хаха! Или не?
Еден стар пријател на Заев, непосредно пред изборите, ликуваше: „Народот згреши и СДСМ згреши, ВМРО затоа славеше, но во вториот круг ниту народот ќе згреши ниту ВМРО ќе слави, СДСМ ќе биде тој што ќе биде славеник и победник и тоа со право“. Откако ја утна прогнозата, авторот објави дека на другарот Зоки Заев му испратил порака со следната содржина: „Друже ти си голем човек, историјата ќе те споменува како голем великан кој ја издигнал земјата на едно ниво погоре, биди жив и здрав и среќен и сега кога веќе имаш повеќе време конечно да пиеме едно кафе па и ручек нека падне …“
Какво испраќање! Со кафе, па и ручек може ќе падне.
И песна …
Растајемо се миии, веруј није ми лакооо, шта сад могу ја тууу, кад твоји желе такооо!
Еден од бардовите признава дека „за поразот, несомнено, е најодговорен Зоран Заев“ и на Зоки му пренесува порака од „Американците“. Па вели: „За нив сега е важен наследникот на Заев на челото на Владата, додека тој самиот полека ќе им ’бледее‘ во спомените. Влијанието врз изборот на тој наследник ќе ги ’подотвори‘ и нивните карти за она што ни следува“.
Аууу, Зоќе! Па ти нешто стварно ми изгледаш бледо денеска … Да не си почнал веќе да бледееш?
Ви велам, не можам јас да се простам од Заев, како што можат неговите довчерашни другарчиња.
Во овие моменти, кога силно светнал ден и насекаде блика „убавината на демократијата“, мене, пак, ми текнува и на деновите кога Заев носеше надеж. Или барем така ми се чинеше. Оти бев и јас ангажиран со идејата за обединување на силите на прогресот, која сепак не подразбираше ВМРО и Македонија да умрат, а тричковци и остала багра да ги ебат на смртната постела. Веројатно не можев да видам што ни се случува пред носот. И така беше сè додека на своја кожа не ја почувствував „убавината на демократијата“, додека не разбрав за рекетарите, додека не сфатив дека со Заев не може да се води разговор без да се биде излажан и додека човекот конечно не го џитна сидрото да повлече напред.
Божееее! Па Заев сам си ги избра луѓето кои сега му читаат посмртни говори и кои ги дизајнираат церемониите на погребот на неговата политичка кариера.
Ова е најголемиот од сите заеби!
Гранде заеб!
И затоа ги повикувам сите тие лигуши од Заевото здружение на политички лузери, сите тие глупави советници, партиски апаратчици и пи-ар експерти, кои се подеднакво виновни за поразот на СДСМ, под итно да си дадат откази и оставки и да отстапат!
Како може шефот на изборниот штаб на СДСМ, генералниот секретар Љупчо Николовски, да се прави мутав и да не поднесува оставка?!
Венко Филипче нема ли да поднесе оставка од функкцијата потпретседател на СДСМ?!
А Мила Царовска?! Потпретседателка на СДСМ.
А Оливер Спасовски, кој го изгуби Куманово?! Потпретседател на СДСМ.
Ах да, да не заборавам … Сања Лукаревска да не поднесува оставка. Таа беше единствената светла точка во кампањата. Штета што доби маку реплики, да не речам ич. Можеби во иднина ќе добие позначајна улога во партијата, кој знае.
А она советницине во Владана и на Бихаќка, да не им ги редам сега имињата, ајде сите гитла!
Можеби Заев е збунат, можеби му е незгодно да им каже, но ако му беа вистински другари и другарки, тие имаа обврска да го советуваат правилно, да не дозволат да ги направи сите глупости што ги направи, да го искараат дури, па и по цена да ги изгубат своите лагодни позиции.
Ајде сите гитла!
Е тоа е.
Малку ми е криво, ама јеби га … Да сакаше Зоки, можеше да биде поинаку.
Бранко Героски за Плусинфо