На социјалната мрежа ТикТок се појави видео од надзорна камера во ковид болница на кое се гледа како настанува експлозија од апарат по што се шири пожар.

На видеото пишува „Молете се за Тетово“ и истото се шири на социјалните мрежи со цел да се прикаже наводно како настанал пожарот во Тетово.

Доколку го погледнете убаво видеото ќе видите дека на камерата пишува „Прв кат“ (first floor) што веднаш отвора простор за сомнеж, бидејќи во модуларната болница во Тетово немаше катови.

Видеото го пребаравме на Гугл и дојдовме до вест од септември 2020 година за пожар во ковид болница во Вадодара, западна Индија кој се случил на 8 септември. Пожарот настанал откако настанал дефект кај вентилатор по што тој се запалил.