Синоќешниот натпревар од осминафиналето на ЕП меѓу Германија и Данска беше одбележан со дваесетминутен прекин на натпреварот поради гром, а беше откриено кој го иницираше прекинот.
Дуелот започна во пријатни временски услови, но набрзо се се промени. Се играше 35. минута кога се слушна силен удар, а се испостави дека се работи за удар од гром кој исплаши неколку навивачи и играчи.
Следуваа грмотевици и силен дожд проследен со град, а судијата Мајкл Оливер реши да ја прекине играта и да ги повлече играчите во соблекувалната.
Меѓутоа, сега е откриено кој прв побарал прекин на натпреварот, а тоа е селекторот на Данска, Каспер Хјулманд, кој веќе доживеал трауматично искуство со гром.
Имено, Хјулманд пред 15 години беше помошник тренер на Нордсјеланд, а на мечот од данското првенство против Хвиводре почнаа да светат молњи.
Натпреварот не беше прекинат, а еден гром го погоди играчот на Нордсјеланд, Џонатан Рихтер. Неговото срце застанало, а лекарите го оживеале после пет минути. Потоа бил пренесен во болница каде десет дена бил во индуцирана кома.
За среќа, тој преживеа, но мораше да му биде ампутирана левата нога од коленото надолу. Сигурно тие спомени му блеснаа пред очи кога синоќа почна невремето над стадионот во Дортмунд, а тој веднаш побара да се прекине играта, што судијата Оливер го прифати.
Инаку, Данска настапот на ЕП го заврши со пораз од 2:0 од Германија.